ВРАТЕН ЗНАКОТ „ЈА САКАМ КИСЕЛА ВОДА“ ШТО ГО УРНА АРСОВСКА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ГО ПОСТАВИЛЕ ГРАЃАНИ

    ВРАТЕН ЗНАКОТ „ЈА САКАМ КИСЕЛА ВОДА“ ШТО ГО УРНА АРСОВСКА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ГО ПОСТАВИЛЕ ГРАЃАНИЗнакот беше урнат во октомври лани, откако Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. (Фото: Фејсбук)

    Знакот „Ја сакам Кисела Вода“, што пред 4 месеци го урна градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, пак е вратен на пешачкиот остров меѓу улицата Народни херои и булеварот Борис Трајковски. Градоначалникот на Кисела Вода Орце Георгиевски утрово на својата фејсбук страница објави фотографија на која позира покрај знакот. За САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека знакот не го поставила Општината по негов налог, туку група граѓани.

    На мое изненадување, знакот повторно е поставен од граѓани по чија иницијатива беше ставен и првиот пат. Навистина ми е драго и сум среќен бидејќи знакот на никого не му пречи, не ја нарушува прегледноста, ниту безбедноста и конечно си го има местото кое го заслужува“, вели Георгиевски.

    На наше прашање дали очекува повторно знакот да биде урнат од Арсовска бидејќи нема дозвола од Град Скопје, Георгиевски вели дека се надева оти градоначалничката се вразумила и дека почнала да се занимава со многу поважни работи од знакот „Ја сакам Кисела Вода“.

    Знакот беше урнат во октомври лани, откако Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. Тогаш Георгиевски најави дека тој повторно ќе биде вратен на локацијата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира