ПОЧИНА ИТАЛИЈАНСКАТА ФИЛМСКА ДИВА ЏИНА ЛОЛОБРИЏИДА

    ПОЧИНА ИТАЛИЈАНСКАТА ФИЛМСКА ДИВА ЏИНА ЛОЛОБРИЏИДАЛолобриџида своевремено беше наречена „најубавата жена на светот“ (Фото: Гети)

    Џина Лолобриџида, една од најголемите ѕвезди на европскиот филм во 1950-ите и 1960-ите, почина на 95 години, објави италијанската новинска агенција „Анса“. Своевремено наречена „најубавата жена на светот“, Лолобриџида глумеше покрај Хамфри Богарт, Ерол Флин, Френк Синатра и Рок Хадсон.

    Родена на 4 јули 1927, Лолобриџида студирала вајарство на римската академија за ликовни уметности. Во 1947 го освоила третото место на изборот за Мис Италија и потоа се омажила за словенечкиот лекар Милко Шкофич, но и го привлекла вниманието на американскиот филмски могул Хауард Хјуз, кој не само што ѝ понудил слава во Холивуд, туку и брак. По тримесечен престој во САД, Хјуз ѝ понудил седумгодишен договор, кој бил прескап за холивудските студија да ја ангажираат, па Лолобриџида се вратила во Европа.

    Избегнувајќи го Холивуд, Лолобриџида работела во Франција и Италија, а првиот филм на англиски јазик ѝ бил „Beat the Devil“ на Џон Хјустон. Таа сфатила дека станала светска ѕвезда дури кога во Аргентина ја пречекале 60.000 фанови.

    Нејзината филмска кариера почнала да бледнее во втората половина на 1960-ите, по што повеќе се посвети на фотографирањето, вајарството и политиката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира