Грета Тунберг беше меѓу климатските активисти кои беа приведени на протестот против уништувањето на германско село заради проширување на рудник за јаглен. Полицијата кажа дека младата Швеѓанка била дел од групата која се стрчала кон рудникот, оддалечен десетина километри од селото Лицерат.
Тунберг им се придружи на демонстрантите во петокот.
Видеото од местото на настанот прикажува тројца полицајци како ја носат Тунберг, по што таа беше снимена како сама седи во автобус. Полицијата кажа дека еден демонстрант скокнал во окното на рудникот.
Активистите велат дека проширувањето на рудникот ги поткопува германските напори за намалување на емисиите на стакленичките гасови. Германија вети дека ќе ја укине употребата на јагленот до 2030 година.