Баз Олдрин, познатиот астронаут и воен пилот од Корејската војна, објави дека се венчал со својата долгогодишна љубов во Лос Анџелес на неговиот 93. роденден.
Олдрин е вториот човек што стапна на Месечината, откако беше дел од мисијата Аполо 11, заедно со Нил Армстронг.
„Задоволство ми е да соопштам дека се венчавме со мојата долгогодишна љубов Анка Фор. Стапивме во брак на мала приватна церемонија во Лос Анџелес и сме возбудени како тинејџери што избегале да се земат“, твитна Олдрин.
Олдрин, кој стана славен со мисијата Аполо 11 во 1969 година, се венчаше и разведуваше три пати пред да се земе со Фор, која е 30 години помлада од него.