ЗАДАВЕНА БИЛА 83-ГОДИШНАТА ЖЕНА ШТО ЗАВЧЕРА БЕШЕ НАЈДЕНА МРТВА ДОМА ВО СТРУМИЦА, ВЕЛИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    ЗАДАВЕНА БИЛА 83-ГОДИШНАТА ЖЕНА ШТО ЗАВЧЕРА БЕШЕ НАЈДЕНА МРТВА ДОМА ВО СТРУМИЦА, ВЕЛИ ОБВИНИТЕЛСТВОТОЖената живеела сама во семејната куќа во Струмица. (Фото: СДК.МК)

    83-годишната жена која завчера беше најдена мртва во својот дом во Струмица не починала од природна смрт, туку била задавена, потврди струмичкото Основно јавно обвинителство. Таму случајот ќе го водат како убиство, за што веќе е отворена постапка и се издадени наредби за собирање на дополнителни докази.

    „Во куќата нема знаци за насилен влез, но е видливо претурање по лични предмети. Во насока на испитување на настанот, се вршат разговори со сите лица кои би можеле да имаат определени сознанија“, соопшто Обвинителството.

    Телото на жената во петокот попладне беше најдено од нејзини најблиски во семејната куќа каде што живеела, при што веднаш повикале Брза помош. По пријавата во полицијата, веднаш беше излезено на терен при што ја блокираа улицата до домот. Увид од надлежните се вршеше и во саботата претпладне. За да се утврдат причините за смртта телото на жртвата е предадено на обдукција.
    Од обвинителството во интерес на истрагата не соопштија повеќе детали, освен дека станува збор за убиство.

    Соседите кажаа дека жената живеела сама. Ја виделе во петокот како се враќала од црква за празникот Свети Јован, а вечерта разбрале дека таа била пронајдена мртва во нејзиниот дом.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира