ГЕРМАНИЈА ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАСИЛИ УКРАИНА СО ТЕНКОВИ, ЌЕ ЈА СЛЕДАТ И ДРУГИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

    ГЕРМАНИЈА ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАСИЛИ УКРАИНА СО ТЕНКОВИ, ЌЕ ЈА СЛЕДАТ И ДРУГИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИПолска и балтичките земји први ја поздравија одлуката на Германија (Фото: АФП)

    Канцеларот Олаф Шолц потврди дека Германија ќе испрати 14 тенкови „леопард“ во Украина и дека ќе им дозволи и на други земји да ги извезуваат.

    „Оваа одлука ја следи нашата добро позната линија на поддршка на Украина најдобро што можеме. Ние дејствуваме во тесна меѓународна координација“, изјави Шолц.

    Тој додаде дека целта е брзо да се формираат два баталјона тенкови „леопард“ за Украина, а во прв момент ќе бидат обезбедени 14 тенка од германските воени резерви, како и логистика и муниција. Тренингот на украинските трупи во Германија ќе почне наскоро.

    Полска и балтичките земји ја поздравија одлуката на Германија.

    „Ова е голем чекор напред кон запирањето на Русија. Заедно сме посилни“, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки, додавајќи дека и Полска ќе испорача тенкови во Украина.

    Шпанија, Португалија и Норвешка исто така изразија подготвеност да го направат тоа.

    Се огласи и Кремљ, кој кажа дека испораката на тенковите е неуспешен план.

    „Преценување е дека ова ќе ѝ даде моќ на украинската војска. Овие тенкови ќе горат како и сите други. Тие се само многу скапи“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Украина вели дека ѝ требаат 300 модерни западни тенкови за да ја победи Русија. „Леопарди“ се во составот на 13 европски армии, што значи дека се лесно достапни. Тие исто така се лесни за одржување и дизајнирани се за време на Студената војна како конкуренција на рускиот тенк „Т-90“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира