НЕМА ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ЕКОЛОШКА ПАТЕКА ВО МАКЕДОНИЈА ДОДЕКА ПЕНДИКОВ Е ВО БОЛНИЦА, КАЖА БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР МИЛКОВ

    НЕМА ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ЕКОЛОШКА ПАТЕКА ВО МАКЕДОНИЈА ДОДЕКА ПЕНДИКОВ Е ВО БОЛНИЦА, КАЖА БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР МИЛКОВБујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков во неделата го посетија повредениот Христијан Пендиков во болница во Софија. (Фото: Фејсбук)

    Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков денеска рапортираше пред комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент и кажа дека може да бидат суспендирани заедничките проекти со Македонија поради нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.

    „Можно е одново да го вратиме ветото. Цинизам е да се дискутира за проекти за еколошка патека во Македонија, додека Пендиков лежи во болница. Може да стопираме и други меѓувладини проекти“, изјави Милков пред бугарските пратеници.

    Милков кажа и дека е повлечен бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и дека тој ќе остане во Бугарија „сè додека Софија не види знаци на промена“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира