ГРКОТ ЦИЦИПАС ВЛЕЗЕ ВО ФИНАЛЕТО НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН И МОЖЕ ДА СТАНЕ НОВ СВЕТСКИ РЕКЕТ БРОЈ ЕДЕН

    ГРКОТ ЦИЦИПАС ВЛЕЗЕ ВО ФИНАЛЕТО НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН И МОЖЕ ДА СТАНЕ НОВ СВЕТСКИ РЕКЕТ БРОЈ ЕДЕНЦиципас претходно трипати губеше во полуфиналето на Австралијан опен (Фото: Гети)

    Гркот Стефанос Циципас се пласираше во финалето на Отвореното првенство на Австралија откако го совлада рускиот тенисер Карен Хачанов со 7:6, 6:4, 6:7, 6:3. Доколку триумфира во неделното финале, Циципас ќе стане новиот светски рекет број еден.

    Ова се моментите за кои работев толку напорно. Се чувствувам благословено што можам да играм тенис на ова ниво. Доаѓам од мала земја и отсекогаш сум сакал да ја ставам на тениската мапа“, изјави 24-годишниот Циципас, кој претходно трипати губеше во полуфиналето на Австралијан опен.

    Ова ќе биде второ гренд слем финале за Циципас, откако пред две години го изгуби Ролан Гарос од Новак Ѓоковиќ.

    Српскиот тенисер би можел да му биде противник и в недела, но за тоа денеска ќе мора да го победи Американецот Томи Пол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира