25 ОБВИНЕТИ ЗА ШЕМА ВО КОЈА УЧИЛИШТА ВО ФЛОРИДА ПРОДАЛЕ 7.600 ЛАЖНИ ДИПЛОМИ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА ВКУПНО 114 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    25 ОБВИНЕТИ ЗА ШЕМА ВО КОЈА УЧИЛИШТА ВО ФЛОРИДА ПРОДАЛЕ 7.600 ЛАЖНИ ДИПЛОМИ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА ВКУПНО 114 МИЛИОНИ ДОЛАРИСекој од обвинетите се соочува со затворска казна до 20 години

    Дваесет и пет луѓе се обвинети за вмешаност во шемата за продажба на лажни дипломи за медицински сестри на неколку училишта во Флорида. Федералните обвинители кажаа дека на овој начин биле поделени повеќе од 7.600 лажни дипломи.

    Трите медицински школи во кои што биле продавани лажните дипломи во меѓувреме се затворени, а секој од обвинетите се соочува со затворска казна до 20 години.

    На овој начин не само што се загрозува јавната безбедност, туку и се фрла дамка врз репутацијата на медицинските сестри. Шемата со лажните дипломи ја нарушува довербата на јавноста во нашиот здравствен систем“, изјави Маркензи Лапоинт, обвинител за Јужниот округ на Флорида.

    Околу 7.600 студенти платиле вкупно 114 милиони долари за лажните дипломи, кои им овозможувале да го полагаат националниот испит за медицински сестри и потоа да добијат лиценца за работа во повеќе американски сојузни држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира