Организираниот криминал се пресели на профитабилниот пазар на екстремно одгледување кучиња, откри истрага на Би-Би-Си. Булдозите, вклучувајќи ја и новата раса американски були, се одгледуваат со значително претерани карактеристики, како прекумерни набори на кожата и големи, мускулести рамки.
Британското Кралско друштво за спречување суровост кон животните (РСПЦА) предупредува дека криминални групи ги одгледуваат и продаваат овие кучиња за да перат пари и да остварат голема заработка, при што се занемарува благосостојбата на животните.
Екстремното одгледување кучиња стана голем бизнис, јавува Би-Би-Си. На британскиот сајт Muscletone Bullys, кученцата се продаваат за десетици илјади фунти. Како што откри Би-Би-Си, зад овој сајт и бизнис стои осуден дилер на дрога.
Новинарката Сем Полинг успеала да договори посета на тајна клиника за плодност на кучиња.
„Располагаме со 120 кучиња, но директно се грижиме само за 15-ина. Останатите кучиња се сместени низ мрежа на косопственици“, кажа Рајан Хауард, кој ја води клиниката.
РСЦПА вели дека во изминатите три години биле пријавени над 1.000 случаи на нелегално сечење уши кај кучиња, што во Британија се казнува и до пет години затвор зашто тоа спаѓа во мачење животни. Некои дилери сами го прават тоа, беа користење анестезија и во голем број случаи била вклучена расата американски були.