ВО СЛОВЕНИЈА УАПСЕНИ ДВАЈЦА РУСКИ ШПИОНИ

    ВО СЛОВЕНИЈА УАПСЕНИ ДВАЈЦА РУСКИ ШПИОНИСОВА вели дека двајцата шпиони се претставувале како бизнисмени од Јужна Америка (Фото: СТА)

    Словенечката разузнавачко-безбедносна агенција (СОВА) објави дека уапсила двајца странски државјани обвинети дека шпионирале за Русија. Тие работеле тајно, претставувајќи се како бизнисмени од Јужна Америка.

    Обвинителството на Љубљана потврди за весникот „Дело“ дека во почетокот на минатиот месец побарало да се покрене истрага против две лица за шпионажа. Според непотврдени информации, тие работеле за руската воена разузнавачка служба ГРУ.

    Обвинети се дека шпионирале за странска разузнавачка служба и за потврдување лажни содржини во службени документи, за што можат да добијат до осум години затвор.

    Двајцата имале пасош на трета земја и не им кажале на властите дека се руски државјани. Според „Дело“, еден од нив имал аргентински пасош. Словенечките медиуми објавија дека тие дејствувале не само во Словенија, туку и во други земји, а имале канцеларија во деловната зграда на „Леснина“ во Љубљана.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира