БОМБАШ-САМОУБИЕЦ СЕ РАЗНЕСЕ ВО ЏАМИЈА ВО ПАКИСТАН, НАЈМАЛКУ 47 МРТВИ

    БОМБАШ-САМОУБИЕЦ СЕ РАЗНЕСЕ ВО ЏАМИЈА ВО ПАКИСТАН, НАЈМАЛКУ 47 МРТВИЕксплозијата се случи за време на пладневните молитви

    Најмалку 47 луѓе загинаа во бомбашки напад на џамија во пакистанскиот град Пешавар, чија цел била полицајците кои се молеле. Официјални лица кажаа дека под урнатините и натаму има затрупани луѓе.

    Терористите сакаат да предизвикаат страв напаѓајќи ги оние кои ја извршуваат должноста да ја бранат земјата“, изјави пакистанскиот премиер Шебаз Шариф.

    Тој не кажа која група го извела нападот, кој се поврзува со пакистанските талибанци. Тие го прекинаа примирјето во ноември, по што се зголеми насилството во земјата. Во декември беше нападната полициска станица во северозападниот дел на земјата, при што загинаа 33 милитанти.

    Првичните извештаи кажуваат дека бомбаш-самоубиец се разнесол во џамијата во Пешавар. Експлозијата се случи за време на пладневните молитви.

    Спасувачката операција продолжува, се уште се извлекуваат тела“, кажа заменик-командирот на полицијата на Пешавар, Шафјула Кан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира