Кањонот Матка ќе биде прогласен за споменик на природата. На денешната владина седница беше усвоен Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата. Сега Законот се испраќа во Собранието на усвојување од страна на пратениците.
„Со конечното усвојување, после долг период на усогласување, постигнат е консензус во интерес на заштита на ова уникатно национално природно богатство. Со донесувањето на Законот, ќе се овозможи не само заштита на природните вредности, разновидноста на биодиверзитетот, туку и ќе се создадат нови можности за одржливо управување и развој на овој еко-систем“, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Дивите платформи во кањонот Матка 4 години никој не ги чепка. И покрај тоа што се дивоградба градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети не ги урива, ниту има намера тоа да го стори. Тие си продолжуваат да работат како кафулиња и фирми кои издаваат кајаци и органиизраат тури со чамци низ езерото. Никој не знае дали се регистрирани и дали имаат дозволи за вршење на оваа дејност.
А. АНТЕВСКА