Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 41 денар за килограм во однос на цената од минатиот месец, соопшти компанијата.
Цената во јануари изнесуваше 123,50 денари за килограм, па новата цена ќе биде 82,50 денари за килограм или 58,40 денари за литар.
Намалувањето доаѓа согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, па така цената на природниот гас за потрошувачите за месец февруари е намалена за 40% за мегават час, во однос на цената за претходниот месец.