НА НОВИТЕ БИТОЛСКИ ПЕНЗИОНЕРИ ИМ ДОЦНИ ПЕНЗИЈАТА ОТИ ВО ФОНДОТ ЗА ПЕНЗИСКО ОСТАНАА САМО СЕДУММИНА ВРАБОТЕНИ

    НА НОВИТЕ БИТОЛСКИ ПЕНЗИОНЕРИ ИМ ДОЦНИ ПЕНЗИЈАТА ОТИ ВО ФОНДОТ ЗА ПЕНЗИСКО ОСТАНАА САМО СЕДУММИНА ВРАБОТЕНИБитолчани реагираат дека нивните секојдневни барања не можат да бидат задоволени навремено (Фото: СДК.МК)

    Битолската филијала на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кубури со кадар. Таму моментално има само седуммина вработени, иако по систематизација треба да бидат 27. Дел од граѓаните реагираат дека нивните секојдневни барања не можат да бидат задоволени навремено зашто недостигаат вработени.

    Од 36 пред шест-седум години, во Фондот сега работат само седуммина. Ако има архивар, нема записничар, ако има записничар, нема друг потребен профил. Нивната работа е така организирана што доколку недостасува персонално решение на некое работно место, секојдневните барања на граѓаните не можат да бидат задоволени. Како последица на тоа, од Нова година наваму, граѓаните кои го оствариле правото на пензија, не можат да ја добијат, зашто нема кој да им ги изготви решенијата“, реагираат битолчани.

    Од Фондот на ПИОСМ-Филијала Битола одговорија дека се соочуваат со недостаток на кадар и дека имаат четири пати помалку вработени од предвиденото.

    За 2023 се планирани четири нови вработувања. Со кадарот што го имаме моментално се трудиме да ги решаваме сите барања на странките“, соопштија од ПИОСМ-Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира