ЧЕТВРТА ГОДИНА ПО РЕД СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ИНТЕРВЕНЦИИ НА ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

    ЧЕТВРТА ГОДИНА ПО РЕД СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ИНТЕРВЕНЦИИ НА ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИОсвен намалениот бројот на интервенции годинава при пожарите нема човечки жртви.(Фото: СДК.МК)

    Осетно е намелен бројот на интервенции на велешките пожарникари во 2022 година. Во текот изминатите 12 месеци Противпожарната единица во Велес имала 234 интервенции, од кои осум на територија на Општина Чашка, 26 на територија на Општина Градско и 200 на територија на Општина Велес. Добрата вест, освен намалениот бројот на интервенции, е што и годинава при пожарите нема регистрирано човечки жртви.

    „Намалувањето на бројот на наши интервенции се должи на долгогодишната работа на терен. Секојдневните посети и едукација на граѓаните во шумските подрачја, превенција за заштита на шумскиот појас. Покриваме територија од 1.400 метри квадратни што е тешко да се работи, но успеваме да се справиме со огнената стихија“, вели Димче Јованов командир на вод во велешката Пожарна.

    Пожари на отворено имало 124, пожари на објекти 62 и 48 технички интервенции, во кои што спаѓаат и интервенции при сообраќајки, вадење давеници од вода, влегување во стан заради потребите на полиција, искрење на бандери, вадење на вода од подрумски простории.

    Ова е четврта година по ред како се намалува бројот на интервенции кои велешките пожарникари ги имале на терен. Ако лани имале 234, во 2021 биле 311, во 2020 имало 321, а во 2019 – 361. Велешката Пожарна покрива подрачје на три општини, матичната Велес и соседните Чашка и Градско.

    Минатата година се бележи пад при бројот на интервенции за запалени возила, кога пожарникарите интервенирале во 16 случаи наспроти 26 во 2021.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира