ПОЧИНА ШТИПЈАНЕЦОТ МИЛАНЧО МАНЕВ, ЕДЕН ОД РЕКОРДЕРИТЕ ВО КРВОДАРИТЕЛСТВО ВО ЗЕМЈАВА

    ПОЧИНА ШТИПЈАНЕЦОТ МИЛАНЧО МАНЕВ, ЕДЕН ОД РЕКОРДЕРИТЕ ВО КРВОДАРИТЕЛСТВО ВО ЗЕМЈАВАМанев со над 150 крводарувања е еден од македонските ракордери во крводарување. (Фото: СДК.МК)

    Денеска во Штип беше погребан Миланчо Манев, еден од македонските рекордери во крвадарување со над 150 крводарувања. Тој ненајдено почина пред два дена на 71 година.

    Големиот хуманист беше омилен меѓу штипјани и познат како крводарител кој редовно дарувал крв, но и по потреба кога се работело за неговата крвна група. Бил крводарител до последната возрасна граница за крводарување.

    Манев со својата хумана активност почнал уште како млад кога се вработил како текстилен работник во „Македонка“ во Штип, а многупати бил прогласуван за најхуман човек во Македонија и родниот град.

    Во последните десетина години, како волонтер во Здружението на трудовите инвалиди во Штип му помагаше на членството во собирање доброволни прилози за помош, да ги остварат своите права како трудови инвалиди и најмногу во обезбедувањето огревно дрво.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира