ЗАТВОРЕНА Е ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО, УХМР НАЈАВИ ВЕТЕР НАД 70 КМ/ЧАС

    ЗАТВОРЕНА Е ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО, УХМР НАЈАВИ ВЕТЕР НАД 70 КМ/ЧАСЖичницата денеска не почна со работа вообичаено од 10 часот, соопшти ЈСП „Скопје“. (Фото: СДК.МК)

    Поради несоодветни временски услови за работа, жичницата денеска не почна со работа вообичаено од 10 часот, соопшти ЈСП „Скопје“.

    „Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичница ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од ЈСП.

    Вчера во 15:40 часот , граѓани со мали деца пријавиле на телефонскиот број за итни повици 112 дека поради силните ветрови вработените на жичницата не им дозволиле да се симнат. Со интервенција на Град Скопје и Црвениот Крст, групата безбедно се симнала.

    Управата за хидрометереолошки работи (УХМР) соопшти дека во земјава денес ќе биде променливо облачно и многу студено. На повеќе места ќе дува силен ветер од северен правец (над 70 км/час). Наместа во северните подрачја и на планините ќе провејува слаб снег. Во Скопје променливо облачно и многу студено, во делови од котлината претпладне ќе провејува слаб снег. Ќе дува силен северен ветер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира