По кратко боледување, утрово почина судијата Огнен Ставрев од Основниот Кривичен суд Скопје, потврди Судот . Имаше 63 години.
Судијата Ставрев пред две недели ја објави пресудата за ,,Титаник 2″, а изрече и низа пресуди за предмети од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како „ТНТ“, „Монструм“. Ставрев три децении работеше како судија, а смртта го затекна на местото судија во Одделот за организиран криминал и корупција каде судеше многу актуелни предмети, како „Змиско око 1“, „Сопот“, „Фаланга 2“.
Огнен е син на Драгољуб Ставрев, претседател на Претседателството и на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија (СРМ) и градоначалник на Скопје при обновата по земјотресот.