ПЕТМИНА СПАСУВАЧИ ОД БИТОЛА ВО ТИМОТ ЗА СПАСУВАЊЕ КОЈ ЗАМИНУВА ЗА ТУРЦИЈА

    ПЕТМИНА СПАСУВАЧИ ОД БИТОЛА ВО ТИМОТ ЗА СПАСУВАЊЕ КОЈ ЗАМИНУВА ЗА ТУРЦИЈАБројот на загинати во денешниот катастрофален земјотрес во Турција и Сирија се искачи на повеќе од 2.300, од кои речиси 1.500 низ десет турски провинции. (Фото: АП)

    Пет членови од Тимот за брз одговор за спасување на планина и високи објекти од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, ќе учествуваат во спасувачката мисија во Туција која заедно со Сирија денес во два наврати беше погодена од катастрофални земјотреси. Битолчаните ќе бидат дел од УСР единицата и веќе заминуваат во подрачјето погодено од земјотресот.

    Ако се појави потреба, во целосна подготвеност за интервенција се и екипите на Територијалната противпожарна единица од Битола кои се обучени за спасување од урнатини и земјотреси.

    „Хуманоста, солидарноста и одговорноста во ваквите мигови е неопходна. Подготвени сме да бидеме поддршка на луѓето кои во моментот се соочуваат со големи човечки и материјални загуби. Во овие мигови, кога нашите пријатели се соочуваат со големите последици од оваа природна катастрофа, подготвени сме да дадеме помош и поддршка од хуманитарен и спасувачки карактер“, соопштија од Општина Битола.

    Бројот на загинати во денешниот катастрофален земјотрес во Турција и Сирија се искачи на повеќе од 2.300, од кои речиси 1.500 низ десет турски провинции. Се очекува бројките значително да пораснат во услови кога голем број луѓе остануваат заробени под урнатините.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира