САД ВОВЕДЕ САНКЦИИ ЗА УШТЕ ПЕТМИНА БУГАРИ ЗА КОРУПЦИЈА, МЕЃУ НИВ ДВАЈЦА БИВШИ МИНИСТРИ И ДИРЕКТОР НА НУКЛЕАРКАТА „КОЗЛОДУЈ“

    САД ВОВЕДЕ САНКЦИИ ЗА УШТЕ ПЕТМИНА БУГАРИ ЗА КОРУПЦИЈА, МЕЃУ НИВ ДВАЈЦА БИВШИ МИНИСТРИ И ДИРЕКТОР НА НУКЛЕАРКАТА „КОЗЛОДУЈ“Според американскиот Стејт Департмент, петмината санкционирани украле стотици милиони левови од бугарските даночни обврзници. - Државниот секретар Ентони Блинкен (Фото: Стејт Департмент)

    САД стави уште петмина Бугари на списокот „Магницки“ со санкционирани лица, а тројца од нив се поврзни со енергетскиот бизнис. Меѓу санкционираните за корупција се и поранешните министри Владислав Горанов од ГЕРБ и Румен Овчаров од БСП, како и поранешниот директор на нуклеарната централа „Козлодуј“ Александар Николов.

    САД велат дека санкционираните лица и фирмите поврзани со нив се од различен спектар на бугарската политика и тоа го покажува длабоко вкоренување на корупциски шеми и модели кои што треба да бидат искоренети од бугарскиот општествен и политички живот. Според американскиот Стејт Департмент, тие украле стотици милиони левови од бугарските даночни обврзници.

    На пример, Овчаров и Николов заедно ја оштетиле државата за над 50 милиони долари со набавките на нуклеарно гориво. Горанов, пак, го оштетил буџетот за над 600 милиони левови во рок од пет години со промени на законодавството во корист на коцкарските фирми.

    Санкциониран за поткупување судија е Николај Малинов, претседател на движењето „Русофили“.

    Оваа мерка на САД е продолжение на претходните санкции против Делјан Пеевски, Васил Божков и Илко Желјазков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира