ЗАМИНУВАЊЕТО НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НЕ ЈА НАРУШУВА СТАБИЛНОСТА НА ВЛАДАТА, РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ЌЕ ПОМИНЕ СО НАД 64 ПРАТЕНИЦИ, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИ

    ЗАМИНУВАЊЕТО НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НЕ ЈА НАРУШУВА СТАБИЛНОСТА НА ВЛАДАТА, РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ЌЕ ПОМИНЕ СО НАД 64 ПРАТЕНИЦИ, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИДосега, владејачкото мнозинство имаше 64 пратеници, а Ковачевски денеска кажа дека владината реконструкција, за која е во тек собраниската расправа, ќе помине со повеќе пратеници од оваа бројка. (Фото: Влада)

    Откако вчера Демократскиот сојуз (ДС) донесе одлука нивниот пратеник и лидер Павле Трајанов да ја напушти владејачката коалиција, премиерот Димитар Ковачевски денеска кажа дека нивната одлука не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство. Утринава оставка поднесе заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, кој беше кадар на ДС во кабинетот на Ковачевски. 

    Претходно од Владата си замина Алтернатива, која што имаше двајца министри, а во власта влегува Алијанса за Албанците со тројца министри.

    Досега, владејачкото мнозинство имаше 64 пратеници, а Ковачевски денеска кажа дека владината реконструкција, за која е во тек собраниската расправа, ќе помине со повеќе пратеници од оваа бројка. 

    „Владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласа“, кажа Ковачевски денеска на настан за традиционално закројување на лозје во кавадаречкото село Ресава.

    Според предложената реконструкција, за нов министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога од Алијанса (место Никола Тупанчески од СДСМ). За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е Фатмир Меџити од Алијанса (на местото на Беким Сали од Алтернатива). За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е Азир Алиу од Алијанса (место Адмирим Алити од Алтернатива). Министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе биде Каја Шукова од СДСМ (на местото на Насер Нуредини од ДУИ).

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира