МАЈКИТЕ ОСТАНАА БЕЗ ПОРОДИЛНО ЗА ЈАНУАРИ, УШТЕ НЕ Е ПОПРАВЕН СИСТЕМОТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

    МАЈКИТЕ ОСТАНАА БЕЗ ПОРОДИЛНО ЗА ЈАНУАРИ, УШТЕ НЕ Е ПОПРАВЕН СИСТЕМОТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВОМајките кои се на породилно отсуство добиваат исплата најчесто во три групи, околу 10. во месецот, од 13-15 и од 23-25 во месецот. (Фото: К. Попов)

    Доцни исплатата на пари за јануари од породилните остуства, боледувањата и рефундациите за лекови, по хакерскиот напад на 7 февруари на системот на Фондот за фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

    Мајките кои се на породилно отсуство добиваат исплата најчесто во три групи, околу 10. во месецот, од 13-15 и од 23-25 во месецот. За јануари, никој нема земено.

    Плата за јануари немаат земено ниту сите вработени во јавно-здравствените установи, a не се ни знае кога ќе земат. Најчесто земаат плата околу 10 во месецот, а законскиот рок за исплата за плата е денес. После тоа се плаќаат камати.

    Фондот вчера соопшти дека функционалноста на системите постепено ќе се враќа и дека „овој процес одезема дополнително време, но техничките тимови работат во континутет“.

    „Приоритет е враќањето на функционалноста за исплатите на платите на здравствените работници во Јавните здравствени установи како и враќање на системите на исплата на боледувањата, породилното и рефундациите“, вели ФЗОМ.

    Оттаму потсетуваат дека анализата на експертските технички тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира