КИНА ЌЕ ПРЕДЛОЖИ МИРОВЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА, ЌЕ ГИ ЗЕМЕ ПРЕДВИД И НЕЈЗИНИОТ ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ И ИНТЕРЕСИТЕ НА РУСИЈА

    КИНА ЌЕ ПРЕДЛОЖИ МИРОВЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА, ЌЕ ГИ ЗЕМЕ ПРЕДВИД И НЕЈЗИНИОТ ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ И ИНТЕРЕСИТЕ НА РУСИЈАСе верува дека Ванг Ји е еден од ретките странски политичари кој може да влијае врз Русија (Фото: ЕПА)

    Западните лидери нервозно реагираа на кинескиот мировен план за Украина што ќе биде објавен следната недела, но и го поздравија потегот како прв знак дека Кина признава дека војната не може да се смета само за европски проблем.

    Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, високиот кинески дипломат Ванг Ји, за кого се смета дека може да изврши влијание врз Русија, кажа дека Кина ќе ја претстави својата мировна иницијатива на првата годишнина од почетокот на руската инвазија, за што се консултира со Германија, Италија и Франција. Тој кажа дека мировниот план ќе се базира на потребата да се поддржат принципите на територијален интегритет и суверенитет и Повелбата на Обединетите нации, но истовремено да се почитуваат легитимните безбедносни интереси на Русија.

    Како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, Кина има обврска да го користи своето влијание за обезбедување светски мир. Но, мир не значи наградување на агресорот, туку почитување на меѓународното право и на оние кои биле нападнати“, изјави германската министерка за одбрана Аналена Бербок.

    Слична порака до Кина испратиле и француските и италијанските дипломати.

    Без целосното повлекување на руските трупи од Украина нема шанси за крај на војната. Неприфатливи се и барањата за отстапување територии на Русија“, кажа Бербок.

    Емануел Макрон ја опиша руската инвазија како неоколонијалистичка и империјалистичка и додаде дека никогаш нема да се залага за уништување на Русија. 

    Сакам Русија да биде поразена во Украина, но не сакам да биде уништена. Тоа никогаш нема да биде позиција на Франција“, кажа Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира