ЕУ ЌЕ ДИСКУТИРА ЗА ЗАЕДНИЧКО КУПУВАЊЕ ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА ЗА УКРАИНА СПОРЕД МОДЕЛОТ СО КОВИД ВАКЦИНИТЕ

    ЕУ ЌЕ ДИСКУТИРА ЗА ЗАЕДНИЧКО КУПУВАЊЕ ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА ЗА УКРАИНА СПОРЕД МОДЕЛОТ СО КОВИД ВАКЦИНИТЕЗеленски вели дека нема по секоја цена да продолжат да го бранат Бахмут (Фото: ЕПА)

    Еврокомесарот за надворешна политика Жосеп Борел го поддржа повикот на Естонија според кој членките на ЕУ заеднички треба да купуваат оружје за да ја помогнат Украина, што се смета за поефективен пристап отколку тие да прават индивидуални нарачки. Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ денеска ќе дискутираат за овој план во Брисел.

    Според официјални лица, планот предвидува нарачка на големи количества муниција во име на повеќе земји-членки за да се забрза набавката и да се поттикнат европските компании за оружје да инвестираат во зголемувањето на своите производствени капацитети. Борел кажа дека моделот би бил сличен на заедничката набавка на вакцини за време на ковид кризата.

    Целосно се согласувам со предлогот на естонската премиерка Калас, работиме на него и мислам дека ќе функционира“, кажа Борел.

    Тој додава дека тоа, сепак, нема веднаш да ги реши украинските итни потреби за муниција, зашто самите земји-членки веќе имаат свои нарачки.

    За тоа време, украинските сили со крајни напори го бранат Бахмут и претседателот Зеленски кажа дека тоа нема да го прават по секоја цена.

    Украина ќе продолжи со својата повеќемесечна одбрана на Бахмут, но не по цена сите да загинат. Бахмут не е некој голем град и како и многу други во Донбас, сега е уништен од Русите. Важно е да го браниме, но не по секоја цена“, изјави Зеленски.

    Според британското министерство за одбрана, Русија ќе го објави падот на Бахмут на првата годишнина од почетокот на инвазијата, без разлика на ситуацијата на теренот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира