РУСКАТА ЕКОНОМИЈА СЕ НАМАЛИЛА ПОМАЛКУ ОД ОЧЕКУВАНОТО ВО 2022

    РУСКАТА ЕКОНОМИЈА СЕ НАМАЛИЛА ПОМАЛКУ ОД ОЧЕКУВАНОТО ВО 2022Многумина аналитичари се изненадени од отпорноста на руската економија (Фото: Гети)

    Руската економија минатата година се намалила помалку од очекуваното, имајќи ги предвид западните санкции и инвазијата на Украина. Според државната статистичка агенција, економијата паднала за 2,1%, далеку помалку од претходните предвидувања од 12%.

    Иако некои ја доведуваат во прашање веродостојноста на овие бројки, многумина аналитичари се изненадени од отпорноста на руската економија, која значително била помогната од високите цени на нафтата и военото трошење.

    По почетокот на инвазијата, стотици западни фирми се повлекоа од Русија, а почетниот шок доведе до привремено затворање на берзата. Институтот за меѓународни финансии предвиде дека руската економија ќе се намали за 15% во 2022, додека Џо Бајден минатиот март кажа дека „е на пат да биде преполовена“. Сепак, во најголемиот дел од 2022 Русија продолжи да извезува енергенси, иако западот ја намали зависноста на нив.

    Зголемувањето на глобалните цени на нафтата, гасот, нафтените деривати и на други руски извозни производи, вклучително и храната и вештачките ѓубрива, помогна да се зголемат приходите од извозот. Од друга страна, производството на опремата за руските вооружени сили ги одржуваше фабриките во полн работен погон.

    Санкциите исто така не ја исполнија во целост својата функција. И покрај обидите Русија да се изолира од западниот финансиски систем, трговците најдоа начини да работат со Русија преку размена, пренасочување на трансакциите низ земји кои не учествуваат во санкциите, па дури и преку криптовалути.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира