СЕДУМ ДРЖАВИ ГЛАСАА ПРОТИВ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОН СО КОЈА СЕ ОСУДУВА РУСКАТА ИНВАЗИЈА, КИНА ГО ИЗЛОЖИ СВОЈОТ МИРОВЕН ПЛАН

    СЕДУМ ДРЖАВИ ГЛАСАА ПРОТИВ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОН СО КОЈА СЕ ОСУДУВА РУСКАТА ИНВАЗИЈА, КИНА ГО ИЗЛОЖИ СВОЈОТ МИРОВЕН ПЛАНМеѓу државите кои гласаа воздржано се Кина, Индија и Иран (Фото: Гети)

    Седум држави не ја поддржаа резолуцијата на Обединетите нации со која беше осудена руската инвазија на Украина, која денеска влезе во втора година. Меѓу државите кои гласаа воздржано се Кина, Индија, Иран и Јужна Африка.

    Резолуцијата која повика на повлекување на руските трупи од Украина ја поддржаа 141 членка на ОН, 32 беа воздржани, а против гласаа Русија, Белорусија, Северна Кореја, Еритреја, Мали, Никарагва и Сирија.

    Со резолуцијата беше потврдена поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и беа отфрлени руските претензии кон делови од земјата, од кои некои се окупирани.

    На првата годишнина од почетокот на руската инвазија, Кина го објави својот мировен план, кој се состои од 12 точки. Тој повикува на мировни преговори помеѓу Русија и Украина, прекин на едностраните санкции и избегнување нуклеарна ескалација.

    Документот, за кој Украина не била консултирана, со претпазливост беше поздравен од Киев, но беше критикуван од американските функционери.

    Меѓународната заедница мора да создаде услови и платформи за продолжување на преговорите, а Кина ќе продолжи да има конструктивна улога на тој план“, стои во документот, без да се наведат конкретни чекори.

    Кина се обидува да задржи неутрална позиција во конфликтот, но досега одбиваше да го нарече инвазија, додека истовремено ѝ дава дипломатска и економска поддршка на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира