Закани за поставени бомби денеска до 9:30 часот стигнаа на електронските адреси на 18 училишта во Скопје и едно училиште во Прилеп, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, додаде МВР.
Министерството за образование и наука (МОН) деновиве им препорачало на сите училишта, дека ако има дојава за бомба, наставата во текот на денот да продолжи онлајн за да не се губат часовите. Во дописот е истакнато дека на учениците им се дава еден час да стигнат дома и да се вклучат на онлајн настава.
Учебната година за учениците од основните училишта ќе заврши на 14 јуни, а за средношколците на 9 јуни.
Б. НЕСТОРОСКА