СКОПСКИ ВОДОВОД БАРА ДА ПОСКАПИ ВОДАТА, РЕГУЛАТОРНА ОДОБРИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 0,76 ДО 3,4 ДЕНАРИ ПО КУБИК

    СКОПСКИ ВОДОВОД БАРА ДА ПОСКАПИ ВОДАТА, РЕГУЛАТОРНА ОДОБРИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 0,76 ДО 3,4 ДЕНАРИ ПО КУБИККолку ќе поскапи водата сега треба да одлучи Град Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Ќе поскапи водата во Скопје. ЈП „Водовод и канализација“ кон крајот на минатата година доставило барање до Регулаторната комисија за зголемување на цените поради зголемените сметки за струја. Одлуката не е помината на Совет на Град Скопје.

    „Ние донесовме нови цени по барање на скопски ‘Водовод’. Тие побараа минималното зголемување да биде да биде 2,5 денари по метар кубен, а максималното 5,3 денари. Ние одобривме минимално поскапување од 0,76 денари за метар кубен, а максимално од 3,4 денари. Во просек домаќинставата трошат 10 кубици вода. Тоа значи дека ако се прифати минималната нова цена поскапувањето ќе биде 7 денари“, вели претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.

    Колку ќе поскапи водата сега треба да одлучи Град Скопје. „Водовод и канализација“ врз основa на одлуката на Регулаторната комисија треба да достави нова цена за водата до Советот на Град Скопје и таа одлука да биде изгласана од мнозинството советници.

    Од „Водовод и канализаија“  соопштија дека „во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, барање кое е доставено во 2022 година“, но дека тие не побарале од Советот на Град Скопје поскапување на водата.

     

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира