ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ДОПЛАТИ 22.000 ЕВРА НА ФИРМАТА ШТО ГИ ЗАТНА СО АСФАЛТИРАЊЕ ШАХТИТЕ НА УЛИЦА КОЗАРА, ЗА ДА ГИ ПРАВИ И ОКОЛНИТЕ СОКАЧИЊА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ДОПЛАТИ 22.000 ЕВРА НА ФИРМАТА ШТО ГИ ЗАТНА СО АСФАЛТИРАЊЕ ШАХТИТЕ НА УЛИЦА КОЗАРА, ЗА ДА ГИ ПРАВИ И ОКОЛНИТЕ СОКАЧИЊААнексот со фирмата која во два наврати несоодветно ја направи Козара е склучен на 9 февруари и е со вредност од околу 22.000 евра. (Фото: К. Попов)

    Општина Центар склучи анекс договор вреден 22.000 евра на основниот договор од 130.000 евра со фирмата „Гама градба“ за реконструкција на скопската улицата Козара во населбата Капиштец. Оваа фирма летоска ги затна шахтите со асфалтирање на улицата и во два наврати несоодветно ја направи, па затоа уште нема технички прием и сега повторно ќе се прекопува. Казни за фирмата изведувач нема.

    Анексот на основниот договор кој е објавен на страната на Бирото за јавни набавки е склучен на 9 февруари и е со вредност од околу 22.000 евра. Основниот договор за Козара е во висина од 130.000 евра.

    Од Општина Центар велат дека анексот на договорот со „Гама градба“ за изведба на улица Козара е склучен поради изработка на дополнителни површини.

    „Анексот е за делови од краците и уличките кои се спојуваат во улицата Козара, но и асфалтирање на дел од улицата Шарски одреди, која исто така се вклучува во Козара. Во анекс договорот точно се наведени зафатите за кои се склучува, за што постои и целосна документација во Општина Центар. Повторното асфалтирање на Козара целосно потпаѓа под трошок на изведувачот“, велат од Општина Центар.

    Од Општината велат дека улицата Козара сѐ уште не е завршена согласно важечкиот договор кој Општина Центар го има склучено со „Гама Градба“ и за истата улица сѐ уште не е извршен технички прием.

    „По извршувањето на техничкиот прием, ако се утврдат недоследности по однос на договорот, Општината ќе ја активира банкарската гаранција и ќе започне постапка за понесување одговорност на изведувачот“, велат од Општината.

    Општина Центар со истата фирма склучи договор и за реконструкција на улицата Ленинова на потегот од крстосницата со булевар Партизански одреди до улицата Теодосиј Гологанов. Вредноста на овој договор е 670.000 евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира