СЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА БЕЗ РУСКИОТ ГАС ЌЕ ИМА СТУДЕНИ ДОМОВИ И ЗАТВОРАЊЕ НА ЦЕЛИ ИНДУСТРИИ, НО НИШТО ОД ТОА НЕ СЕ СЛУЧИ, ВЕЛИ ШОЛЦ

    СЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА БЕЗ РУСКИОТ ГАС ЌЕ ИМА СТУДЕНИ ДОМОВИ И ЗАТВОРАЊЕ НА ЦЕЛИ ИНДУСТРИИ, НО НИШТО ОД ТОА НЕ СЕ СЛУЧИ, ВЕЛИ ШОЛЦГерманскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференција во Скопје на 11 јуни 2022 година. (Фото: К. Попов)

    Германскиот канцелар Олаф Шолц е убеден дека Германија ќе ја помине и следната зима без поголеми проблеми околу снабдувањето со енергија, и покрај прекинот на рускиот гас.

    „Добро поминавме оваа зима, дури и без рускиот гас. Претходно се зборуваше за студени домови, присилно затворање на цели индустрии, запирање на производството, ‘жешка есен’, ‘лута зима’. Но, ништо од тоа не се случи“, кажа Шолц во владино соопштение.

    Тој додава дека складиштата со гас во моментов се повеќе од 70 отсто полни.

    „Тоа е добра бројка за да ја пребродиме безбедно следната зима“, вели Шолц.

    Канцеларот вели дека германската влада дејствувала соодветно, мислејќи на брзата изградба на терминали за увоз на течен природен гас.

    „Би сакал да ја одржи оваа ‘германска брзина’, како напредок што нашата земја го прави во клучни моменти. Ова е многу важно во поглед на индустриската трансформација и експанзијата на обновливата енергија“, вели Шолц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира