ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА ЧЕТИРИ АВТОПАТИ, ИЗГРАДБАТА ЌЕ ЧИНИ 1,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА И ТРЕБА ДА БИДАТ ГОТОВИ ЗА 5 ГОДИНИ

    ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА ЧЕТИРИ АВТОПАТИ, ИЗГРАДБАТА ЌЕ ЧИНИ 1,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА И ТРЕБА ДА БИДАТ ГОТОВИ ЗА 5 ГОДИНИДоговорот го потпишаа Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и претставници на меѓународниот конзорциум „Бехтел и Енка“ во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и американската амбасадорка Анџела Агелер. (Фото: К. Попов)

    Денеска во Владата беше потпишан договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10д. Изградбата ќе чини 1,3 милијарди евра и треба да трае пет години.

    Станува збор за автопатски делници: Требеништа – Струга – Ќафасан (22 километри) Гостивар – Букојчани (30 километри), Тетово – Гостивар (17 километри) и Прилеп – Битола (40 километри).

    „За овој проект во Буџетот веќе се предвидени 244 милиони евра за годинава. Очекувам добро менаџирање на процесите, ни претстојат многу предизвици на терен, но очекувам сите да се вложиме максимално и да ги постигнеме зацртаните цели за модерна и квалитетна инфраструктура“, кажа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

    За изградбата на овие автопатски делници беше донесе специјален закон, а „Бехтел и Енка“ се номинирани за стратешки партнер од државата за проектот.

    Надзорот ќе го врши конзорциум предводен од ИРД инжинеринг, кој како консултант за финансиски трансакции во име на Владата изминатиот месец ги водеше преговорите со конзорциумот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира