ВО ЈАПОНИЈА УАПСЕНИ ТРИ ЛИЦА ЗА „СУШИ ТЕРОРИЗАМ“, СЕ СНИМААТ КАКО ЛИЖАТ И ПЛУКААТ ВО ТУЃА ХРАНА ВО РЕСТОРАН

    ВО ЈАПОНИЈА УАПСЕНИ ТРИ ЛИЦА ЗА „СУШИ ТЕРОРИЗАМ“, СЕ СНИМААТ КАКО ЛИЖАТ И ПЛУКААТ ВО ТУЃА ХРАНА ВО РЕСТОРАНСуши рестораните со подвижна лента се атракција во Јапонија (Фото: Гети)

    Јапонската полиција уапси три лица за таканаречениот суши тероризам, нехигиенска пракса која стана закана за светски познатите суши ресторани со подвижна лента.

    Минатиот месец, на интернет се прошири видео од маж кој лиже шише соја сос на „суши воз“, што предизвика гнев во земјата. Тој може да се види како остава плунка на садовите кои поминуваат на лентата во еден ресторан од брендот „Кура суши“. Оттогаш се појавија уште десетици слични снимки.

    Неколку големи суши ресторани во Јапонија упатија јавен апел да престанат саботажите на нивната храна. Некои ресторани се одлучија и да престанат да служат суши на подвижна лента, која е нивна главна атракција.

    Јапонија е препознатлива по своите строги стандарди за чистота и кулинарски бонтон.

    „Виралниот видеотренд е крајно опасен и претставува закана за основите на суши рестораните со подвижна лента, која е дел од јапонската култура“, соопшти „Кура суши“.

    Луѓето се снимаа како лижат стапчиња за јадење и чинии и како допираат или плукаат во туѓи нарачки додека се движат по лентата. Во Нагоја е уапсен 21-годишник кој лижел заедничко шише соја сос, во што биле вклучени и 19-годишник и 15-годишник. Тие ја признале вината, а еден и се извинил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира