ИРЛ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „НИКОЛА МЛАДЕНОВ“ ЗА НАЈДОБРА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА ЗА „НЕЧИСТА КРВ“

    ИРЛ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „НИКОЛА МЛАДЕНОВ“ ЗА НАЈДОБРА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА ЗА „НЕЧИСТА КРВ“Од денешното доделување на наградата „Никола Младенов“ за новинарски производи во текот на 2022 година. (Фото: К. Попов)

    Тимот новинарки Сашка Цветковска, Елена Митревска Цуцковска и Маја Јовановска од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја доби наградата за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2022“, за сторијата „Нечиста крв“, емитувана на МТВ1 и на веб-страницата на ИРЛ.

    Сторијата обелоденува загрижувачки податоци за начинот на којшто се третирале пациентите во една од приватните болници во државата за време на пандемијата со ковид-19.

    Македонскиот институт за медиуми вели дека новинарскиот производ содржи темелно новинарско истражување, поткрепено со факти, докази и со изјави од многу релевантни извори и соговорници.

    Новинарката Сашка Цветковска кажа дека покрај нив, трите прочитани добитнички, целата редакција од 20-ина новинари всушност стои зад изработката на сторијата „Нечиста крв“.

    Новинарката Кристина Атовска, пак, ја доби наградата за Најиновативен новинарски производ за репортажата од војната во Украина на тема „Како изгледа животот во рововите на првата линија на огнот“, емитувана во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

    Наградата за Најдобра репортерска фотографија ја доби фоторепортерката Арбнора Мемети за фотографијата „’Врнежи’ од канцерогени материи во Тетово“, објавена на веб-страницата на „Дојче Веле“ на македонски јазик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира