Франција им забрани на државните службеници на телефоните што ги користат за работа да ги симнуваат и инсталираат сите типови на социјални мрежи, игри и видео платформи од причини поврзани со сајбербезбедност и приватност.
Забраната, која што стапува во сила веднаш, го вклучува ТикТок, но опфаќа многу повеќе од кинеската апликација за кратки видеа.
Ваквата одлука на француската влада доаѓа по сличните забрани на европските институции и други земји од ЕУ, како Холандија.
Но, за разлика од нив, француската забрана исто таа опфаќа апликации и платформи од Западот.
„Овие рекреативни апликации не се дизајнирани за да гарантираат соодветно ниво на сајбербезбедност на дигиталните алатки на администрацијата. ТикТок, но и Кенди Краш и Нетфликс се засегнати од мерката“, вели министерот за дигитализација Жан-Ноел Баро.
Претходно месецов, владиниот портпарол Оливје Веран кажа дека министрите и претседателот Емануел Макрон не можат да симнуваат апликации за социјални мрежи како Инстаграм и ТикТок на нивните службени телефони.