СОБРАНИ ПЕТ ТРАКТОРСКИ ПРИКОЛКИ СО ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА И ОТПАД ВО ЕКО АКЦИЈА ВО СТРУМИЧКО

    СОБРАНИ ПЕТ ТРАКТОРСКИ ПРИКОЛКИ СО ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА И ОТПАД ВО ЕКО АКЦИЈА ВО СТРУМИЧКОСтотина граѓани од повеќе граѓански организации го собираа отпадот од излетнички и рекреативни места. (Фото: СДК.МК)

    Пет тракторски приколки со пластични шишиња лименки и друг ситен отпад се собраа од излетничко-рекреативните локалитети во Струмичкиот Регион во рамките на граѓанската еко акција „Чисти ридови за сите“, иницирана од „Актив“ од Струмица. Се чистеа вкупно шест локации кои за излетници и рекреативци, а каде се фрла отпад. Стотина граѓани од повеќе граѓански организации го собираа отпадот од трим патеката кон „Св. Илија“ , локалитетот Чамчифлик и просторот околу споменикот од НОБ кај раскрсницата кај Раборци.

    Задоволни сме што и оваа година се вклучија голем број граѓани да го исчистат отпадот од несовесни граѓани кои биле на поминување или пак престојувале на овие локалитети. Имаше разочараност бидејќи лани ги чистевме овие места, но пак наидовме на фрлени пластични шишиња, лименки, кеси, ситен отпад од текстил. Но, сметаме дека полека се подига јавната свест кај граѓаните да се чуваат овие излетничко рекреативни локалитети“, вели Кире Тасев од „Актив“.

    Во акцијата „Чисти ридови за сите“ се приклучија и комуналните претпријатија „Комуналец“ од Струмица, „Турија“ од Василево, „Огражден“ од Босилово, „Комуна“ од Ново Село, кои со вработени и механизација помагаа во собирањето и транспортот на собраните ќеси со отпад до најблиските депонии.

    „Покрај секојдневните апели до граѓаните за нефрлање отпад во природата, ‘Комуналец’ секогаш излегува во поддршка на вакви акции и ги охрабрува и други групи или оранизации на граѓани за организирано чистење на животната средина, со верба дека заедно и организирано можеме и мораме да делуваме за да имаме почиста животна средина“, соопштија од струмички „Комуналец“.

    Во Општина Ново Село, 30-тина граѓани го чистеа просторот околу браната Новоселка, додека 50-тина жители на Општина Василево собираа отпад кај брана Турија. Во Општина Босилово се чистеше кај брана Иловчанка и на локалитетот „Хамзали“.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира