„АЛКАЛОИД“ ПРОГЛАСЕНА ЗА ВОДЕЧКИ ИНВЕСТИТОР ВО РЕГИОНОТ

    „АЛКАЛОИД“ ПРОГЛАСЕНА ЗА ВОДЕЧКИ ИНВЕСТИТОР ВО РЕГИОНОТПризнанието на свечеост го прими гнералниот директор и претседател на Управниот одбор на компанијата, Живко Мукаетов. (Фото: „Алкалоид“ )

    Македонската фармацевстка компанија „Алкалоид“ е прогласена за водечки инвеститор во регионот од Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, заради инвестираните 104,1 милиони евра во изминативе 5 години.

    По повод петгодишнината од формирањето, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, кооснован од Европската Унија, на почетокот на 2023 објави повик за учество во регионалниот натпревар отворен за компании од шесте земји членки. Рангирањето на апликациите, поделени во 6 категории, беше направено од комисија составена од по еден претставник од шесте стопански комори на Западен Балкан и претставник од канцеларијата на Коморскиот инвестициски форум.

    Првата награда во категоријата „Водечки инвеститор (шампион) во земјите од Западен Балкан“ му беше доделена на „Алкалоид“ АД Скопје, презентирана на свеченост организирана за оддавање признанија за достигнувањата на најдобрите и најуспешните компании во регионот.

    „Во својата долга историја, ‘Алкалоид’ минал низ бројни предизвици, но една фактичка константа во текот на деветдеценискиот развој биле инвестициите, кои во изминативе три децении се насочени кон градење и проширување на производствените капацитети, капацитетите за истражување и развој, инсталирање на модерна опрема, лаборатории, технологии, модерен софтвер и добро обучен кадар. Само во изминативе 5 години, инвестиравме 104,1 милиони евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги нашите операции за целите на подобро водење на дејноста од нашата база во Македонија. На овој курс сме решени да останеме и во иднина, работејќи на глобализација на брендот ‘Алкалоид’, достоинствено и посветено, со практикување на високи етички стандарди, кредибилитет и професионален пристап во севкупните операции“ ,изјави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на компанијата, Живко Мукаетов.

    Коморскиот инвестициски форум е заедничка иницијатива на стопанските комори на земјите од Западен Балкан, кооснован од Европската Унија, која ги претставува интересите на повеќе од 350.000 компании во насока на спроведување на заеднички активности кои се од интерес за бизнис-заедницата од регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира