9 ЛИЦА ОД ВЕЛЕС, ТЕТОВО И СКОПЈЕ УАПСЕНИ ЗА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕТЕ И ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА, 10-ОТ ОСОМНИЧЕН Е ВО СТРАНСТВО

    9 ЛИЦА ОД ВЕЛЕС, ТЕТОВО И СКОПЈЕ УАПСЕНИ ЗА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕТЕ И ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА, 10-ОТ ОСОМНИЧЕН Е ВО СТРАНСТВОНа четворица од нив им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а на еден му е одредена мерка куќен притвор. (архивска фотографија)

    Девет лица се уапсени во денешната полициска акација во Велес, Тетово и Скопје и под нив се поднесени кривични пријави за Трговија со дете, Полова злоупотреба на немоќно лице и за Производство и дистрибуција на детска порнографија, соопшти Јавното обвинителство, додавајќи дека еден осомничен се наоѓа надвор од државата.

    „Во јануари годинава, предметниот обвинител донесе Наредба против пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал. По преземените дејствија во текот на истражната постапка, јавниот обвинител прибави цврсти докази врз основа на кои во соработка со Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР денес спроведе акција. Извршени се претреси на повеќе локации во Велес и на по една локација во Скопје и Тетово, притоа лишени се од слобода девет лица, додека еден осомничен се наоѓа надвор од државата“, се вели во соопштението.

    На четворица од нив им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а на еден му е одредена мерка куќен притвор.

    За кривичните дела Трговија со дете и Полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку 8 години, додека за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира