РУСИЈА АКТИВНО БАРА ДА КУПИ МУНИЦИЈА ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА ВО ЗАМЕНА ЗА ХРАНА, ВЕЛИ САД

    РУСИЈА АКТИВНО БАРА ДА КУПИ МУНИЦИЈА ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА ВО ЗАМЕНА ЗА ХРАНА, ВЕЛИ САДОд средбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со рускиот претседател Владимир Путин во Владивосток, Русија, во 2019 (Фото: Гети)

    САД имаат нови информации дека Русија активно бара да набави дополнително оружје од Северна Кореја во замена за помош во храна, соопшти Белата куќа.

    „Остануваме загрижени дека Северна Кореја ќе обезбеди дополнителна поддршка за руските воени операции против Украина. И имаме нови информации дека Русија активно бара да набави дополнителна муниција од Северна Кореја“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

    Коментарите на Кирби се откако САД воведоа санкции за еден Словак поради обидот да организира продажба на повеќе од дваесетина видови севернокорејско оружје и муниција на Русија за да ѝ помогне на Москва да ја замени воената опрема изгубена во војната со Украина.

    „Ние исто така разбравме дека Русија бара да испрати делегација во Северна Кореја и дека Русија ѝ нуди храна на Северна Кореја во замена за муниција“, рече Кирби.

    Секој договор за оружје меѓу Северна Кореја и Русија би прекршил низа резолуции на Советот за безбедност на ОН, рече тој. Кирби, исто така, ги истакна неодамнешните изјави на Северна Кореја дека нема да ѝ даваат или продаваат оружје на Русија.

    „Продолжуваме внимателно да го следиме ова“, додаде тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира