Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко вели дека руското стратешко нуклеарно оружје може да биде распоредено во неговата земја заедно со дел од рускиот тактички нуклеарен арсенал. Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела објави дека неговата земја има намера да распореди тактичко со релативно мал дострел и нуклеарно оружје со мал дострел во Белорусија, нејзиниот сосед и сојузник.
Ако се оствари, изјавата на белорускиот претседател Лукашенко за стратешкото нуклеарно оружје, како што се ракетните боеви глави, ќе претставува уште поголема закана.
Лукашенко зборуваше за време на неговото годишно обраќање до нацијата, во услови на ескалација на тензиите околу конфликтот во Украина и тврдењата дека западните сили сакаат да ги уништат Русија и Белорусија.
„Јас и Путин ќе одлучиме и ќе воведеме овде, ако е потребно, стратешко оружје и тие мора да го разберат тоа, никаквеците во странство, кои денес се обидуваат да не разнесат од внатре и однадвор“, рече белорускиот лидер. „Нема да застанеме пред ништо за да ги заштитиме нашите земји, нашата држава и нивните народи“.
Претходно денеска, Лукашенко неочекувано повика на прекин на огнот во Украина. Примирјето, рече тој во своето обраќање до нацијата во Минск, мора да биде објавено без никакви предуслови и секое движење на војници и оружје мора да биде запрено.