Петтите парламентарни избори во Бугарија за период од две години не дадоа јасен победник, откако коалициите на бившите премиери Бојко Борисов и Кирил Петков остварија речиси идентичен резултат, велат излезните анкети на агенциите.
Според нив, коалициите Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија и ГЕРБ-Унија на демократски сили освоиле по околу 25% гласови, додека Преродба и Движење за права и слободи се борат за третото место, откако двете партии освоиле по повеќе од 12% гласови.
Изненадување приреди партијата Има таков народ, која исто така има шанси да влезе во парламентот.
Предизборните анкети покажуваа дека и по овие избори, Бугарија нема да има функционално парламентарно мнозинство, а партиите тешко ќе состават влада.