БУГАРИЈА ПАК ЈА ЧЕКААТ ТЕШКИ ПРЕГОВОРИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА ПО ПЕТТИТЕ НЕОДЛУЧНИ ИЗБОРИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ

    БУГАРИЈА ПАК ЈА ЧЕКААТ ТЕШКИ ПРЕГОВОРИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА ПО ПЕТТИТЕ НЕОДЛУЧНИ ИЗБОРИ ЗА ДВЕ ГОДИНИДвата спротивставени блока остварија речиси идентични резултати (Фото: ЕПА)

    Бугарија повторно ја чекаат долги и тешки преговори за формирање коалиција, откако и петтите парламентарни избори за период од две години не дадоа јасен победник.

    Блокот предводен од ГЕРБ на бившиот премиер Бојко Борисов освои 26,5% гласови на вчерашните избори, додека за прозападната реформистичка коалиција предводена од Продолжуваме со промената гласаа 24,9% избирачи, велат прелиминарните резултати засновани врз 96% пребројани гласови.

    На третото место, со 14,4% гласови, е партијата Преродба, која му дава поддршка на Владимир Путин во војната со Украина, а прагот од 10% освоени гласови го надмина само уште Движењето за права и слободи (13%).

    Долготрајниот политички ќор-сокак во Бугарија, предизвикан најмногу од личниот анимозитет помеѓу лидерите на двата главни блока, ја принуди земјата да го одложи влегувањето во еврозоната и сè уште го нема усвоено буџетот за оваа година. Во најголемиот дел од последните две години, Бугарија беше водена од технократски привремени влади, назначени од претседателот Румен Радев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира