НАСЛЕДСТВОТО И ПРАВАТА ЗА ДЕЛАТА НА ХОРХЕ ЛУИС БОРХЕС ЗАГЛАВЕНИ ОТКАКО НЕГОВАТА ВДОВИЦА ПОЧИНА БЕЗ ТЕСТАМЕНТ

    НАСЛЕДСТВОТО И ПРАВАТА ЗА ДЕЛАТА НА ХОРХЕ ЛУИС БОРХЕС ЗАГЛАВЕНИ ОТКАКО НЕГОВАТА ВДОВИЦА ПОЧИНА БЕЗ ТЕСТАМЕНТКодама формираше фондација под името на писателот, но не ги детализираше плановите што треба да се случи откако ќе умре, иако се бореше со рак на дојка. (Фото: АП)

    Неизвесно е кој ќе ги наследи правата на делата на Хорхе Луис Борхес, кој се смета за најзначаен автор на Аргентина во 20. век, бидејќи неговата вдовица почина минатиот месец без тестамент. Оваа вест ги изненади книжевните кругови во земјата, бидејќи сопругата на Борхес, Марија Кодама, посвети голем дел од својот живот да го заштити неговото наследство. Таа формираше фондација под името на писателот, но не ги детализираше плановите што треба да се случи откако ќе умре, иако се бореше со рак на дојка.

    „Ако навистина нема тестамент, тоа е изненадување“, вели Сантијаго Лах, писател кој е специјалист за делото на Борхес.

    Борхес почина на 86 години во 1986 и ја постави Кодама, преведувачка и писателка со која се ожени претходно истата година, како свој единствен наследник. Никогаш немале деца. Таа почина на 26 март, исто така на 86-годишна возраст.

    Еден ден откако адвокатот на Кодама, Фернандо Сото, ја објави веста, пет од нејзините внуци отидоа на суд за да се прогласат за нејзини наследници, барајќи да добијат сопственост на целиот нејзин имот, вклучително и правата на делата на Борхес и неколку вредни ракописи. Сото вели дека еднаш ја прашал Кодама за тоа што ќе се случи со правата на Борхес по нејзината смрт и таа му рекла оти има сè средено и дека ќе биде „Некој построг од мене“.

    Тој додава дека Кодама рекла оти  ќе ги повика универзитетите во Јапонија и САД „да се грижат за работите“, но не кажала  кои ги има на ум. Сото истакна дека често одржувала говори и на Универзитетот Харвард и на Универзитетот во Тексас.

    Вдовицата на Борхес живеела одвоено од своето семејство.

    „Таа го негираше постоењето на нејзиното семејство“, рече Лах. „Имам пријатели писатели кои ги познаваа нејзините внуци и прашуваа за нив, а таа го негираше нивното постоење. Беше доста впечатливо“.

    Сото вели дека се изненадил кога дознал дека таа има внуци, додавајќи дека „Тоа беше големо олеснување бидејќи не сакав државата да задржи сè“.

    Според законите во Аргентина,  ако нема тестамент и нема природни наследници, имотот на лицето го презема државата.

    Некои велат дека тестаментот на Кодама може да се најде откако ќе се изврши попис на целиот нејзин имот, но Сото рече дека тоа го смета за „апсолутно невозможно“.

    „Таа никогаш не би го направила тоа, никогаш не би напишала тестамент сама“, рече адвокатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира