МАКРОН ВО ПОСЕТА НА КИНА, ГО ПОВИКА ШЈИ ДА ЈА ВРАЗУМИ РУСИЈА

    МАКРОН ВО ПОСЕТА НА КИНА, ГО ПОВИКА ШЈИ ДА ЈА ВРАЗУМИ РУСИЈАМакрон кажа дека Кина би можела да има клучна улога во запирањето на војната (Фото: ЕПА)

    Францускиот претседател Емануел Макрон го повика кинескиот лидер Шји Џинпинг да го искористи своето влијание за да помогне да се стави крај на војната во Украина.

    „Знам дека можам да сметам на вас дека можете да ја вразумите Русија“, му кажа Макрон на Шји на стартот на разговорите во Пекинг.

    Макрон е во државна посета на Кина, која досега одбиваше директно да ја осуди руската инвазија. Придружуван од голема деловна делегација, тој се обидува и да ги зајакне трговските врски со Кина. На негова покана, во Кина пристигна и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Тие подоцна ќе имаат заеднички разговори со Шји.

    „Постојат големи грижи од неизбежната спирала на растечки тензии помеѓу Кина и западот, иницирани од војната. Но, во интерес на Кина не е да има долготрајна војна и Пекинг би можел да има клучна улога во нејзино запирање“, кажа Макрон.

    Шји додаде дека Кина и Франција имаат способност и одговорност да го чуваат светскиот мир.

    Кина неодамна предложи мировен план за Украина со 12 точки, во обид да ја зголеми својата улога во меѓународната дипломатија. И додека западните земји главно ги отфрлија предлозите, Володимир Зеленски кажа дека е отворен за разговори со Шји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира