ВЛАДАТА ЌЕ Ѝ ДАДЕ НА АРСОВСКА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТОТ КОН КОСОВО ДА ГО НАПРАВИ БУЛЕВАР, ОБЈАВИ ГРУБИ

    ВЛАДАТА ЌЕ Ѝ ДАДЕ НА АРСОВСКА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТОТ КОН КОСОВО ДА ГО НАПРАВИ БУЛЕВАР, ОБЈАВИ ГРУБИОвој потег сега е во очајна состојба, патот е со дупки, асфалтот е распукан, нерамен, насекаде има ѓубре и се крева прашина. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Владата ќе му даде на Град Скопје три милиони евра за реконстукција и проширување во булевар на Качанички пат, објави денеска на својот фејсбук профил вицепремиерот Артан Груби, кој се пофали дека се одобрени дополнителни пари за да се реконструира патот кон Косово.

    „Во разговорот со градоначалничката Данела Арсовска, која е одговорна за реализација на проектот, ги започнавме последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт за почеток и доизградба на оваа важна сообраќајна артерија кон градот“, напиша Груби.

    Владата, како што вели Груби, веќе дала три милиони евра на Град Скопје за овој проект, а со овие дополнителни 3 милиони евра вкупно се дадени 6 милиони евра колку што е вредноста на проектот.

    За Качанички пат или улица Хасан Приштина нема проект, што значи дека допрва Град Скопје треба да распише тендер за проектирање и изградба на булеварот.

    Овој потег сега е во очајна состојба, патот е со дупки, асфалтот е распукан, нерамен, насекаде има ѓубре и се крева прашина, бидејќи нема пешачки патеки туку земја.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира