МПЦ НЕМА ПАРИ, ПА БАРА ВЕРНИЦИТЕ ДА Ѝ ДАДАТ ЗА ДА СЕ ДОВРШИ ЦРКВАТА „СВ. КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

    МПЦ НЕМА ПАРИ, ПА БАРА ВЕРНИЦИТЕ ДА Ѝ ДАДАТ ЗА ДА СЕ ДОВРШИ ЦРКВАТА „СВ. КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕЦрквата „Св. Константин и Елена“ почна да се гради во ноември 2012, а на почетокот на изградбата присуствуваше и тогашниот премиер Никола Груевски. (Фото: К. Попов)

    Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) вели дека нема пари и бара граѓаните да донираат за да се доизгради црквата „Свети Константин и Елена“ на улица Македонија во строгиот центар на Скопје. Скопската епархија денеска соопшти дека не може да се работи на цркавата оти немаат доволно средства.

    Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Скопската епархија сметаат дека македонскиот народ и верниците заслужуваат храмот во центарот на главниот град да биде завршен и да се подготви за осветување и да биде ставен во функција. Како прв чекор кон тоа, потребно е да се изработи фрескоживописот. Немајќи доволна финансиска можност за да го доизгради храмот, Скопската епархија изразува надеж дека во следниот период ќе се најдат благочестиви христијани кои ќе го помогнат довршувањето на храмот ‘Свети Константин и Елена’, кој ќе биде гордост на градот и на МПЦ-ОА“, се вели во соопштението на Скопската епархија.

    Во јануари, поглаварот на МПЦ-ОА Г.Г. Стефан токму за црквата „Свети Константин и Елена“ беше во Општина Центар на средба со градоначалникот Горан Герасимовски. Средбата следуваше откако од Инспекторатот на Општината најавија дека ќе се тргаат тарабите од градилиштето за црквата оти нема градежни активности и поминат е рокот за градба. Поглаварот му кажа на Герасимовски дека ќе ја доградат црквата и заради безбедност да не се отстрануваат тарабите.

    Црквата „Св. Константин и Елена“ почна да се гради во ноември 2012, а на почетокот на изградбата присуствуваше и тогашниот премиер Никола Груевски. Инвеститори се МПЦ-ОА и Фондацијата „Св. Цар Константин“, која што беше формирана од МПЦ за изградба на црквата. Груевски организираше три донаторски конференции со македонски компании за да се соберат пари за изградба.

    Во 2013 имаше насилни протести пред Општина Центар, организирани од фантомска организација со цел да спречат наводно уривање на црквата од тогашниот градоначалник Андреј Жерновски. За протестите имаше долго судење, кое што заврши во септември 2020 со затворска казна од една и пол година за Груевски како нарачател на насилствата.

    Црквата ја градеше компанија „Бетон“. Пред година и пол, приватната болница „Ре-Медика“ го презема преостанатиот долг на МПЦ и Фондацијата „Св. Цар Константин“ од околу 3,5 милиони евра за да работи подобро, без милионскиот долг за изградба на црквата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира