ГЕРМАНИЈА ЌЕ ДОЗВОЛИ ПОСЕДУВАЊЕ 25 ГРАМА МАРИХУАНА И ОДГЛЕДУВАЊЕ ТРИ СТЕБЛА ДОМА

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ ДОЗВОЛИ ПОСЕДУВАЊЕ 25 ГРАМА МАРИХУАНА И ОДГЛЕДУВАЊЕ ТРИ СТЕБЛА ДОМАЛегализацијата ќе се одвива во две фази (Фото: ДПА)

    Германија ќе дозволи поседување на најмногу 25 грама марихуана и одгледување на три стебла во домашни услови, објавија денеска од германската влада. Одгледувањето и дистрибуцијата на марихуаната ќе им бидат дозволени и на посебни здруженија, кажаа министрите за здравство и земјоделство Карл Лаутербах и Џем Ездемир.

    Овие потези следуваат откако владата ги ревидираше своите првични планови за легализација на канабисот, при што таа се откажа од идејата марихуаната да се продава во специјализирани продавници. Тоа ќе се тестира дури во втората фаза од процесот на легализација.

    Според ревидираните планови, следниот чекор ќе биде предлог-закон за регулирање на поседувањето. По гласањето во владата, законот ќе треба да помине и во двата дома на парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира