ХАРИ ЌЕ ДОЈДЕ БЕЗ МЕГАН НА КРУНИСУВАЊЕТО НА ЧАРЛС ТРЕТИ

    ХАРИ ЌЕ ДОЈДЕ БЕЗ МЕГАН НА КРУНИСУВАЊЕТО НА ЧАРЛС ТРЕТИХари и Меган ја шокираа монархијата во 2020 кога соопштија дека се повлекуваат од кралските задолженија и ќе станат финансиски независни. (Фото: АФП)

    Војводата од Сасекс, принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс Трети, но не и неговата сопруга, војвотката од Сасекс, соопшти Бакингамската палата. Во соопштението на двојката, се наведува дека Меган ќе остане во Калифорнија со нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет.

    Принцот Хари ќе биде меѓу 2.000те гости во Вестиминстерската капела на 6 мај. Ова ќе биде негово прво појавување со семејството, по излегувањето на неговите мемоари „Резерва“.

    Хари сликовито ја откри длабочината на неговите несогласувања со другите членови на кралското семејство и оттогаш тој зборува дека се чувствува „различно“ од остатокот од неговото семејство. Во книгата, Хари пишува за неговото детство, длабокиот ефект од смртта на мајка му Дијана, проблематичните тинејџерски години, службата во британската армија во Авганистан и за односите со семејството.

    Хари и Меган ја шокираа монархијата во 2020 кога соопштија дека се повлекуваат од кралските задолженија и ќе станат финансиски независни, по што се преселија прво во Канада, а потоа во Лос Анџелес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира