Италијанскиот напаѓач Чиро Имобиле е во болница со повреди на грбот и ребрата откако неговиот автомобил се судри со трамвај во Рим.
Неговиот клуб Лацио соопшти дека 33-годишниот фудбалер има повреда на рбетот и скршеница на ребро, но дека е во добра состојба.
„Играчот останува под опсервација на одделот за итна помош под надзор на професорот Франческо Франчески на Универзитетската поликлиника Агостино Џемели во Рим“, соопшти римскиот клуб.
Имобиле постигна гол за Лацио во победата од 3:0 против Специја во петокот.