ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ Е РАСКОПАН И ЗАТВОРЕН, ГРАД СКОПЈЕ БЕЗ НАЈАВА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

    ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ Е РАСКОПАН И ЗАТВОРЕН, ГРАД СКОПЈЕ БЕЗ НАЈАВА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТАИако станува збор за прометна улица во строгиот центар на градот за овој зафат Град Скопје не информираше. (Фото: СДК.МК)

    Улицата Даме Груев во Скопје, на потегот кај ТЦ „Палома Бјанка“ кон Градски ѕид, од денеска е раскопана и во дел затворена за сообраќај поради реконструкција. Но, иако станува збор за прометна улица во строгиот центар на градот, Град Скопје не информираше за овој зафат. 

    Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска не испратија соопштение ниту свикаа прес-конференција. 

    Градежните работи на терен ги изведува ЈП „Улици и патишта“, но ни оттаму нема информација за режимот на сообраќај додека трае реконструкцијата и за колку време ќе биде завршена.

    Улицата Даме Груев е полна со дупки, долж цела улица се паркирани коли, а дополнителнo секојдневно се раскопува поради градилиштето на хотелот ТЦЦ „Плаза“, за кој нема дозвола за градба, но сепак повремено се изведуваат градежни работи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира